Олимписката шампионка во фрлање копје од игрите во Рио де Жанеиро, Хрватката, Сара Колак не успеа да ги помине квалификациите во оваа дисциплина на игрите во Токио.
Колак трипати правеше престап во квалификациите со што го зазема последното место во првата група. За потсетување Колак беше сензационална победничка на игрите во Рио каде до златниот медал стигна со фрлање од 66.18 метри.
Крај во квалификациите доживеа и светската рекоредерка, Барбора Шпотакова од Чешка. Таа во квалификациите фрли 60.52 метри што беше премалку за пласман во финалето. Инаку Шпотакова го има најдолгото фрлање во историјата откако во веќе далечната 2008 година во Штутгарт фрли 72.28 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА