Карстен Вархолм го освои златниот медал во трката за историја на 400 метри со пречки на Летните олимоиски игри во Токио.
Норвежанецот е првиот човек кој оваа делница успеа да ја истрча за помалку од 46 секунди, откако постави нов светски рекорд од 45.94 секунди, што е за неверојатни 76 стотинки подобар од претходниот кој исто така беше во негова сопственост од Осло годинава.
Второто место му припадна на Американецот, Рај Бенџамин кој го има второто најдобро време на сите времиња откако истрча 46.17 што е 53 стотинки подобро од претходниот рекорд на Вархолм.
Со бронзата се закити Бразилецот, Алисон дос Санто со рекорд на Јужна Америка од 46.72 или само две стотинки послабо од претходниот светски рекорд на Вархолм.
Karsten Warholm vytvořil v olympijském finále běhu na 400 metrů překážek světový rekord 45,94 sekundy. pic.twitter.com/XpycQali3f
— Ondřej Nováček (@OndrejNovacek) August 3, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА