Во руската Премиерлига на натпреварот меѓу Ахмат Грозни и Сочи се случи краток прекин, откако претходно беше видена змија на середе терен.
Во второто коло од овој руски шампионат, во седмата минута судијата побара помош од редарите за да ја отстрани змијата од теренот.
Фудбалерите и гледачите не беа свесни во прв момент за што станува збор, но потоа забележаа дека редарите изнесоа змија од теренот, па по некое време судијата даде зелено светло дека безбедноста е обезбедена и натпреварот може да продолжи.
— No Context Russian Football (@NCRusFootball) August 2, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА