Арманд Дуплантис ја оправда фаворитската улога во дисциплината скок на стап на ОИ во Токио, откако шведскиот ас стигна до заслужен златен медал. Тој максимално го искористи отсуството на Сем Кендрикс (поради коронавирус), кој беше единствениот што го имаше победено годинава, по што Дуплантис практично без посериозна конкуренција се закити со златото.
Височина од 6,02 метри му беше доволна за првото место, откако Американецот Кристофер Нилсен стигна само до 5,97 метри, додека Тијаго Браз од Бразил со своите 5,87 метри го осигура бронзениот медал.
Откако златото беше осигурано, тој веднаш побара височината да се качи на 6,19 метри, во обид да го урне и светскиот рекорд. Иако беше блику во првиот и во третиот обид, тој сепак не успеа, но златниот медал е доволна сатисфакција за одличното издание во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА