Малме вечерва максимално го искористи играњето на домашен терен, па со резултат од 2-1 оствари победа над првакот на Шкотска, Ренџерс.
Првиот дел од мечот не понуди преголеми возбудувања, нешто повеќе во свој посед топката ја држеа фудбалерите на Ренџерс, но без сериозни шанси за гол, па на полуверме се замина со реми 0-0.
Почетокот на второто полуверме приреди брза голеада, за само две минути домашниот тим постигна два гола, најпрвин во 47. минута прецизен беше Сорен Рикс, а веќе во 49. минута Веjко Бирманчевиќ зголеми на 2-0.
Фудбалерите на Стивен Џерард до крајот на натпреварот успеаа да ја намалат оваа разлика на 2-1, стрелец на голот беше Стивен Дејвис во последните минути од натпреварот.
Ренџерс ќе има шанса за реванш веќе следната недела кога ќе бидат домаќини на Малме.
На програмата денес беше одигран уште еден натпревар во квалификациската група за пласман во Лигата на шампиони, а францускиот Монако на гостински терен обезбеди убедлива победа од 0-2 против Спарта Прага.
Натпреварот беше отворен при крајот на првото полуверме, а во листата на стрелци се запиша Аурелиен Чуамени кој во 37. минута беше прецизен и донесе минимално водство од 1-0, резултат со кој се замина на пауза.
Во остатокот од натпреварот Монако ја имаше постојаната иницијатива, а ваквиот пристап кон играта беше наградена во 59. минута, на сцена стапи Кевин Воланд, успевајќи да ја зголеми предноста на 0-2. До крајот на мечот Монако рутински го зачува овој поволен резултат, па во реванш двобојот ќе ја пречека Спарта Прага со високи два разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА