Италијанскиот атлетичар Марсеј Џејкобс го освои златниот медал на трката на 100 метра на Летните олимписки игри во Токио, но оспорувањето на неговиот успех и четири дена подоцна продолжува да биде топ тема во медиумите.
Први се пожалија Британците кои го оптужија Италијанецот за допинг, а сега се побуни и „најбрзиот човек на светот“ Усеин Болт. Јамајканецот проблем најде во патиките на Џејкобс за кои вели дека се „чудни и невообичајни“ и се смешни бидејќи му помогнале на италијанскиот атлетичар за успехот.
„Супер патиките“ кои го носеше Џејкобс даваат „супер спринт“ ефект кој по подобрува триењето и движењето на патеката. Тежат само 173 грама, а ѓонот е направен од карбон кој дава подобра стабилност и го подобрува забрзувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА