Неверојатна приказна на Зураби Датунашвили – Го тепаа со шипки во Грузија, побегна во Србија и и донесе медал на ЛОИ (ВИДЕО)

Летните олимписки игри во Токио испишаа неколку неверојатни приказни, а една од нив е и онаа на натурализираниот Србин, Зураби Датунашвили. Датурашвили кој е роден Грузиец долго време настапуваше за оваа репрезентација на која и донесе неколку медали од Европските првенства, но откако грузиската федерација го награди со ќотек се одлучи да замине од оваа држава.

Имено, на 11. јануари 2019 година во Палатата на спортот во Тбилиси се одржа националното првенство на Грузија во борење во грчко-римски стил. Во финалето се најдоа Датунашвили и повеќекратниот европски и светски првак Роберт Кобијашвили. По изедначената борба судиите победата му ја препишаа на Кобијашвили по што следеше револт и протести, вербална расправа, а по неа и тепача.

Ситуацијата излезе од контрола кога претседателот на боречкиот сојуз на Грузија, Гега Гегешидзе влета меѓу двете разгорени страни и со метален предмет почна да го удира Датунашвили по главата.

Сосема очекувано, по целата немила ситуација, Датунашвили се одлучи да замине од Грузија, а преку неговиот пријател и колега од боречкиот спорт, Микхаил Кајаија, кој истотака настапува за Србија успеа да добие шанса да ги промени националните бои.

„Се осеќам многу пријатно тука. Луѓето се сјани. Имам и интересна приказна. По завршувањето на Европскто првенство во Варшава еден човек на бензинска пумпа во Белград ме препозна и ме замоли за фотографија и ме праша какво е чувството да се биде првак на Европа. Ме изненади тоа што знаеше кој сум. Ми се допаѓа и храната во Србија. Обожавам лесковачка скара, а и девојките тука се едни од најубавите во светот“, изјави за српските медиуми Датунашвили.

Денеска натурализираниот Србин и ја израдува српската нација со бронзен медал на ЛОИ во Токио откако во „малото финале“ во борењето во грчко-римски стил до 87 килограми славеше со 6-1 против Хрватот Иван Хуклек.

Се вчитува...