Бразил е последниот полуфиналист на женскиот одбојкарски турнир на Летните олимписки игри откако ја совлада Русија со 3-1, по сетови (23-25, 25-21, 25-19 и 25-22). Русинките одлично го отворија мечот добивајќи го првиот сет.
Одличната игра продолжи и во вториот сет кога поведоа со 14-8. Сепак, Бразилките заиграа подобро и го добија вториот сет со 25-21, по што следуваше пад на Русинките по кој не успеаја да се вратат.
Габриела Брага Гимараеш со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај Русија недоволни беа 20 поени на 17-годишната Арина Федоровцева.
Бразил во полуфиналето ќе игра против Јужна Кореја, додека вториот пар го сочинуваат Србија и Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА