Лапорта: Ако Меси останеше, Барса ќе пропаднеше

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на прес-конференција даде објаснување за тоа зошто Лионел Меси ќе го напушти клубот. Тој вели дека поради финансискиот фер-плеј нема начин на кој би можеле најдобриот фудбалер да го задржат во својот тим.

„Лео сакаше да остане и ние сакавме да остане. Немаме ниту милиметар простор за маневар во буџетот за плати. Доколку останеше Меси, Барса ќе пропаднеше, а јас тоа не можам да го дозволам“, изјави Лапорта. 

Засега единствени кандидати и конкуренти во трката за потписот на Лионел Меси се Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.

Се вчитува...