Македонскиот борец Магомедгаџи Нуров и дефинитивно остана без шанса за медал на Летните олимписки игри во Токио. Во категоријата до 97 килограми тој утрово загуби од Кубанецот, Ринерис Салас Перез со 6-4 во четвртфиналето.
Сепак, се уште беше во игра за репазаж, но со поразот на Кубанецот во полуфиналето од Русинот, Абдулрашид Садуалев, нашиот борец веќе и дефинитивно не може да стигне до медал на игрите.
За потсетување Македонија во Токио замина со осум спортисти, а медал успеа само да освои таеквондистот Дејан Георгиевски кој стигна до среброто во категоријата над 80 килограми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА