Скола: Заминувам среќен и горд, го пронајдов мирот (ФОТО)

Легендарниот аргентински кошаркар Луис Скола по поразот од Австралија во четвртфиналето на Летните олимписки игри во Токио со 40 години стави крај на богатата репрезентативната кариера.

Центарот со младинските селекции на „гаучосите“ го освои златниот медал на Јужноамериканското кадетско првенство во 1995 година, година потоа златниот медал и во јуниорскиот шампионат во истото натпреварување, а со репрезентациите до 20 и 21 година ги освојуваше златниот и бронзениот медал.

Беше дел и од златната генерација на Аргентина која во 2004 година во Атина го освои и најсјајниот медал на Олимспиките игри, во 2008 година стигна и до бронзата, а два пати го освојуваше среброто на Светските првенства во 2002 и 2019 година. Првак на Америка беше во 2001 и 2011 година.

„Заминувам среќен, горд и што е најважно го пронајдов мирот. Ви благодарам за се“, се опрости Скола преку својот Твитер профил.

Се вчитува...