Кејн се огласи: Ни сакам да го загрозам односот со навивачите, од утре се приклучувам на тренинзите (ФОТО)

Една од најголемите трансфер саги ова лето е заминувањето на Хари Кејн од редовите на Тотенхем. Капитенот на англиската репрезентација сака постојано да биде дел од најсилното европско натпреварување и да атакува на трофеј секоја сезона, нешто што се чини невозоможно со лондонскиот тим.

Напаѓачот на последниот натпревар претходната сезона на „Хотспур“ стадионот се опрости од навивачите и речиси се беше подготвено за негово заминување во редовите на Манчестер Сити, но желбата на Англичанецот не беше исполнета од страна на раководството на „петлите“.

Кејн во знак на протест и со цел издејствување на трансфер не се појави на тимските подготовки за новата сезона и со тоа наиде на жестоки критики во медиумите, а незадоволство изразија и навивачите на Тотенхем.

Сега англискиот репрезентативец се огласи на социјалните медиуми каде вели дека би сторил нешто со што би го загрозил односот во симпатизерите на клубот кои долги години му пружаа поддршка.

„Поминаа речиси десет години откако го имав моето деби за Тотенхем. За секоја од тие години, фановите покажуваа голема поддршка и љубов кон мене. Токму затоа боли да се прочитаат некои од коментарите кои беа напишани оваа недела.

Нема да навлегувам во целата ситуација, само сакам да разјаснам дека никогаш не сум и никогаш нема да одбијам да тренирам. Ќе се вратам во клубот утре, како што беше планирано.

Нема да направам ништо за да го загрозам односот кој го имам со фановите кои ми даваа голема подршка за мојот период поминат во клубот. Тоа секогаш било така и така и ќе биде“, објави Кејн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Kane (@harrykane)

Се вчитува...