Трилер-завршница во Токио: Русија за момент се врати од „минус два“ сета, но Франција освои историско злато

Одбојкарската репрезентација на Франција ја победи Русија во последниот финален меч на ЛОИ. „Триколорите“ демонстрираа супериорна игра, а ваквиот пристап кон мечот значеше освојвуање на златниот медал во една трилер завршница, победувајќи со 3-2, по сетови 25-23, 25-17, 21-25, 21-25, 15-12.

На почетокот од овој дуел одбојкарите на Франција беа постојано офанзивни и конкретни, тие без сериозни проблеми го освоија првиот сет, кој го добија со 25-23. Следуваше уште една извонредна игра на Французите, а ваквиот пристап кон мечот им донесе зголемување на предноста од 2-0 во сетови (25-17).

Сепак, во третиот сет проработи одбојкарската руска „машина“, следуваа низа на поени, одлични серви и извонредна одбрана, а ова значеше и освојвуање на третиот сет 21-25 и намалување на разликата од 2-1. Во овој ритам одбојкарите на Русија продолжија и во четвртиот сет, мотивацијата и неверојатната игра ги награди со 21-15 со што обезбедија реми, 2-2 во сетови.

Во последниот одлучувачки сет одбојкарите на Франција конечно се вратија при себе, уште еднаш ја демонстрираа својата раскошна игра и успеаа да ја неутрализираат жилавата Русија, па по тешка и исцрпна борба конечно ја зграпчија долго очекуваната историска победа и злато на ЛОИ во Токио.

Се вчитува...