Интер кажа ДА – Лукаку оди во Челси

Ромелу Лукаку во текот на следната седмица ќе го комплетира трансферот во Челси, откако Интер денеска ја прифати понудата во висина од 115 милиони евра што актуелниот европски првак ја испрати за „белгискиот џин“.

Италијанскиот шампион од почетокот на преговорите инсистираше на целосна отштета без да биде вклучен фудбалер на Челси во понудата, по што „сините“ денеска понудија вкупно 115 милиони евра, сума што ќе ја платат на неколку годишни рати. Со оглед на големите финансиски проблеми на Интер, оваа понуда беше прифатена, со што „нероаѕурите“ губат уште еден значаен играч од шампионскиот тим, по заминувањето на Ашраф Хакими во ПСЖ.

Лукаку веќе начелно ги има договорено личните услови и се очекува наскоро да потпише петгодишен договор за плата од 12 милиони евра по сезона, по што Белгиецот веќе од стартот на новата премиерлигашка сезона би му бил на располагање на Томас Тухел.

Се вчитува...