ОИ ОДБОЈКА: Ново злато за Американките

Одбојкарската репрезентација на САД стигна до олимписко злато во женска конкуренцијаа во Токио, откако утрово во големото финале премногу лесно и убедливо го декласираше Бразил со 3-0 во сетови.

Откако во полуфиналето со идентични 3-0 ја совладааа Србија, американските одбојкарки полни со самодоверба влегоа во мечот и го декласираа бразилскиот состав. Во првиот сет „кариоките“ освоија 21, во вториот 20 поени, по што следеше целосна капитулација, па третиот сет заврши со преубедливи 25-14. Дрјус со 15 и Хакли со 14 поени беа најдобри поединки кај олимписките шампионки во оваа финале.

Србија очекувано стигна до бронзениот медал откако во мечот за третото место ја совлада селекцијата на Јужна Кореја со 3-0 (25-18, 25-15, 25-15).

Се вчитува...