Ѓоковиќ испиша нов рекорд – Србинот и официјално ја престигна Мартина Навратилова

Новак Ѓоковиќ полека се опоравува од повредата од турбулентниот крај на Олимписките игри, но без разлика на се’, Србинот продолжува да ја пишува историјата на „белиот спорт“.

Денес започна 333-та недела, во која Ѓоковиќ е првиот тенисер во светот, што е доволно за испишување на уште еден рекорд.

Добро е познато дека Новак долго време го држеше рекордот во машкиот тенис, бидејќи го престигна Федерер, кој сега е втор со 310 недели на врвот, но неговата цел е да ги надмине рекордите поставени во женскиот тенис, каде што две славни тенисерки имаа подобар резултат.

Денеска Ѓоковиќ и официјално ја престигна Мартина Навратилова, која остана на врвот на ВТА листата 332 недели, а засега, тенисерката на Чехословачка нема коментар на оваа тема, иако е познато дека не е фан на српскиот ас.

„Тоа е она што не го разбирам за него. Кога сте тениски шампион, треба да се посветите на спортот, вашата енергија оди на тоа … За да се опуштите гледате телевизија, работите на дрво или плетите шалови, тоа ви помага за опуштање и на тој налин примате позитивна енергија“, го критикуваше таа пред неколку месеци.

Сега, пред него е само легендарната Штефи Граф, која помина прва во 377 недели, и ако Ѓоковиќ остане на врвот, Штефи Граф би ја престигнал точно на 20 јуни 2022 година.

Се вчитува...