Откако не го освои турнирот „Комјунити шилд“, Гвардиола ги нападна ФИФА и УЕФА

Тимот на Пеп Гвардиола, актуелниот англиски шампион Манчестер сити ја изгуби битката за трофејот во „Комјунити шилд“ од Лестер со 0-1.

Голот на Келечи Ихеначо во завршницата им го донесе трофејот на „лисиците“, иако тимот на Пеп Гвардиола беше фаворит, по што тренерот упати критики кон УЕФА и ФИФА за тоа што неговиот тим не е подготвен за почеток на новата сезона.

„Повторно доцниме со подготовки затоа што УЕФА и ФИФА не им овозможија одмор на фудбалерите. Допрва треба да дојдат седум-осум фудбалери. Родри имаше само два тренинзи, Лапорт мора во изолација … Ќе мора да бркаме резултати, иако не сме во врвна форма“, вели Гвардиола.

Се вчитува...