ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Шкендија и Шкупи во „лер“…, Тофилоски, Кировски, Секуловски со признанијата!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 1. КОЛО

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Дарко Тофилоски (Тиквеш)

Успеа на вистински начин да биде последниот бедем пред голот на Тиквеш на дуелот со шампионот Шкендија. Несомнено, еден од најзаслужните за освоениот бод на кавадарчани кои одиграа без голови против големиот фаворит.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Марјан Секуловски (Брегалница)

Ги составите коцките на новиот тим на Брегалница на начин за комплетно надигрување на екипата на Шкупи на стартот од новата сезона. „Сините“ заслужија и три бода од пресметката со чаирчани, но остана реализацијата како последна пречка до победата.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Христијан Кировски (Скопје)

Кировски го има најубавиот гол на премиерното коло во Првата македонска фудбалска лига. Напаѓачот со прекрасниот погодок против Ренова му донесе бод на тимот од Автокоманда по враќањето во елитата.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Добар лет на Брегалница на стартот од новата сезона….

 

Се вчитува...