Самуел Умтити стана „персона нон грата“ со навивачите на Барселона по заминувањето на Лео Меси. За време на подготвителниот натпревар со Јувентус, Умтити беше цел на напад на симпатизерите на Барса кои го исвиркуваа секој пат кога топката беше со него.
Сепак, тој не е единствениот. Кутињо, Дембеле, Пјаниќ не поминаа подобро. Навивачите ги обвинуваат за заминувањето на Меси, бидејќи веруваат дека морале да бидат продадени за да направат простор за нивниот миленик.
Умтити сето тоа го доживеа многу емотивно, па по натпреварот остана во соблекувалната и не се врати да се слика со пехарот.
Тој се обрати кон јавноста и фановите, па сподели и објава на својот Инстаграм профил.
„Понекогаш е подобро да не кажуваш ништо и да дозволиш тишината да го направи своето“, заклучи Самуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА