Лука Дончиќ го продолжи договорот со Далас Маверикс. Тој потпиша договор вреден 207 милиони долари со стана првиот кошаркар во историјата кој прв потпиша „супермакс руки“ договор бидејќи во првите три сезони веќе два пати беше во идеалната петорка на регуларниот дел од сезоната.
По три сезони веќе Дончиќ е еден од најдобрите кошаркари во лигата каде просечно бележи 25,7 поени, 8,4 скока и 7,7 асистенции.
„Денеска мојот сон стана јаве. Кошарката ми даде многу и ме однесе на неверојатни места. Благодарен сум и возбуден што ќе останам во Далас како дел од Маверикс и навистина ја ценам целата поддршка од фановите“, изјави Дончиќ по потпишувањето на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА