Додека се уште се води дебатата во мак-кошарката околу недоаѓањето на Ненад Димитријевиќ за претквалификациите за Светското првенство, македонскиот интернационалец се насочува кон клупската сезона со Валенсија. Тој во изјава за шпанските медиуми вели дека му е чест што ќе настапува за овој тим кој според него е победнички.
„Валенсија е победнички тим. Минатата сезона се бореа за големи трофеи и оваа сезона нема да биде ништо различно. Среќен сум што сум тука и можам да ги запознаам моите нови соиграчи. Ќе ја почнеме заедно претсезоната и се надевам дека ќе имаме одлична сезона“, изјави Димитријевиќ.
Македонскиот кошаркар минатата сезона беше дел од Хувентут од кој премина во Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА