Тренерот на Црвена Звезда, легендарниот Дејан Станковиќ денеска ќе им понуди оставка на управата на клубот, по неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите. Вакво нешто можеше и да се насети синоќа од неговите зборови, пренесуваат медиумите во Србија.
Втора година по ред, фудбалерите на Црвена Звезда не успеаја да стигнат до групната фаза од Лигата на шампионите, „црвено-белите“ овој пат поразени од Шериф во Тираспол со 1-0 и со тоа беа елиминирани во третото коло од квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА