Лео Меси по 21 година помината во редовите на Барселона ги промени клупските бои и во следните две години ќе го носи дресот на ПСЖ. Во таборот на парижани сјајат од среќа за ангажманот на Аргентинецот, а претседателот на клубот вели дека овој потег ќе влијае одлично и на самата лига.
„Размислете само какво ќе биде влијанието кое Меси ќе го донесе на Лига 1. Целото првенство ќе се подигне на следното ниво. Се надевам дека ќе влијае и на ТВ правата и на спонзорските договори. Сега сите сакаат да го видат ПСЖ на Лео Меси, а тоа ќе ја подигне цената и на останатите клубови. Претседателите на тие клубови веќе ме побараа и ми се заблагодарија за тоа што Лео потпиша за нас. Овој потег не го направивме само за ПСЖ, туку и за француското првенство“, вели претседателот на клубот.
Притоа Ал Келаифи вели и дека бил испочитуван финансискиот фер-плеј…
„Ние секогаш го почитуваме финансискиот фер-плеј. И пред да го ангажираме Меси проверивме со луѓето од нашата финансиска и правна служба. Медиумите не треба да се концентрираат само на негативните работи, туку и на позитивните“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

