Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Драган Канатларовски говореше за предизвиците кои го очекуваат на новата позиција.
„Чувствувам уште поголема енергија, уште поголема сила и мотивација да се докажам на новата функција. Македонија до 21 година остави голем печат со учеството на Европското првенство и ќе работиме максимално фокусирано да се обидеме да го повториме тој резултат. Фудбалерите нека работат, нека бидат подготвени во секој момент да го остават срцето на терен за својата земја. Да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување. Сигурен сум дека ќе ја оправдам довербата, посебно што зад себе имам големо репрезентативно искуство како фудбалер, но и како предводник на најдобрата македонска репрезентација“, вели Канатларовски.
Во стручниот штаб на селекторот Драги Канатларовски се вклучени асистентите Шкумбин Арслани и Драган Начевски и тренерот на голмани, Зоран Мицевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА