Зарем е можно: Меси и Роналдо заедно во ПСЖ?!

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи има спектакуларен план во кој следното лето ќе ги спои Лионел Меси и Кристијано Роналдо во овој клуб. Тој одлучил да го донесе Кристијано Роналдо летото 2022 година на местото на Килијан Мбапе на „Паркот на Принцовите“.

Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на 30 јуни следната година. ПСЖ нема намера да го продаде Мбапе летово, дури и по цена тој во 2022 година како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид. Планот на Ал Келаифи е на местото на Мбапе да го донесе Роналдо, со што би ја исполнил „невозможната мисија“, во ист клуб да ги ангажира Кристијано и Меси.

Наводно, Ал Келаифи веќе преговара со агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, а Парижаните се подготвени да му понудат двегодишен договор. Меси и Роналдо во ист тим е нешто за што многумина сонуваат, а Ал Келаифи се чини дека е многу блиску до остварување.

Шефот на ПСЖ вчера зборуваше за Мбапе и рече дека засега тој ќе остане во клубот.

„Мбапе е играч на ПСЖ и неговата иднина е јасна. Тој рече дека сака конкурентен тим. Дали може да биде поконкурентен од овој? Нема повеќе изговори, мотивацијата сега е уште поголема и не останува ништо друго освен да се посвети на клубот”, изјави Ал Келаифи.

По овие зборови, се појави информација дека Мбапе наводно не сака да игра со Меси и дека побарал да си замине. Како што стојат работите, тој сепак ќе чека до следното лето, кога како слободен фудбалер ќе може да избере каде ќе ја продолжи кариерата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...