УЕФА и понатаму води отворена војна со Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои не планираат да отстапат од идејата за формирање на Суперлигата. Останатите клубови се повлекоа од проектот, но не и овие три клуба, кои се тужат со УЕФА.
Европската куќа на фудбалот одлучи поради ваквиот развој на натаните да не стави ниту еден фудбалер од овие три тима во најавната шпица за новата сезона во Лигата на шампиони.
Од видеото може да се види дека гокусот е ставен на новите млади ѕвезди како Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, но има моменти и од тимови како Атлетико Мадрид и Манчестер сити, кои беа дел од проектот за Суперлига, но се повлекоа по само 48 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА