Еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња, Жељко Обрадовиќ по речиси две децении се врати во својот Партизан со кој цели на големи успеси и во следната сезона.
Шансата да се соработува со голем тренер привлече голем број на кошаркари па „црно-белите“ добија и неколку очекувани засилувања за новата сезоната, а еден од нив, Алекса Аврамовиќ кој во Белград простигна од Естудијантес во пресрет на новата сезона, меѓу останатото говореше и на темата Жељко Обрадовиќ.
„Нормално е дека на почетокот на подготовките ќе биде тешко. Влегуваме во нив од долги и напорни сезони, но што повеќе напредуваш сега, како на тимски, така и на индивидуален план ќе биде посремен за новата сезона. Сите знаеме кој е Жељко Обрадовиќ. Тоа е сјаен тренер и моите впачатоци се сјајни. Кога се говореше за мојот потенцијален ангажман во Партизан, соиграчите од репрезентацијата ми рекоа: ‘Ако Жељко те повика, тоа е тоа’“, изјави Аврамовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА