Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Богданов е нов претседател на Федерација за боречки спортови на Македонија.
Богданов е избран за нов предводник на борењето на вчерашното Изборно собрание на ФБСМ, на предлог на БК Балканец од Штип.
На Собранието на кое присуствувале 16 делегати, од вкупно 25, за потпретседател на федерацијата е избран стопанственикот Имер Кадриовски, а изгласан е и новиот Управен одбор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА