Кошаркарскиот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2023 година помеѓу Македонија и Словачка ќе биде „отворен“ за публиката, известува Кошаркарската федерација.
Согласно добиените препораки на државните и здравствените авторитети во нашата држава, капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“ ќе биде ограничен на 30% од максималниот број на публика, односно натпреварот ќе може да го последат две илјади гледачи.
Притоа, секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, да држи пропишано растојание помеѓу седиштата од каде ќе го следи натпреварот.
Како потсетување, „црвено-жолтите“ претквалификациите ги започнаа со пораз од Швајцарија, а мечот против Словачка ќе биде одигран во сабота со почеток од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА