Сите го посочуваат за главен виновник за заминувањето на Меси, а тој плаче по Лео

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас го означи заминувањето на Лионел Меси од Барселона како трауматично искуство за него и за натпреварувањето. Aргентинецот замина во Пари Сен Жермен, а многумина како главен виновник го посочуваат токму Тебас кој не и дозволи на Барселона да го задржи Лео на „Камп ноу“.

„Очигледно е дека сакаме најдобро за лигата. Нејмар замина, Кристијано замина, сега и Меси. Тоа е трауматично бидејќи пред еден месец се изгледаше добро. Боли тоа што Меси замина, но работиме доста како би биле сигурни дека вредноста на ТВ правата нема да падне“, изјави Тебас. 

Правилата во Ла лига беа јасни и токму поради финансискиските и структурни ограничувања спречија останување на Меси во Барселона.

Се вчитува...