Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот откако во полуфиналната пресметка славеше против Швајцарија по пенал-рулетот со 34-33. Претходно, во регуларниот дел натпревар заврши без победник, 28-28.
Во главно израмнет меч, македонската селекција далеку подобро го почна дуелот па на полувремето заминавме со предност од 15-13.
Сепак, во второто полувреме Швајцарците успеаја да парираат па низ драматична игра со гол за гол, на крајот се отиде на изведување на пенал.
А, во пенал-рулетот голманот Галевски беше нашиот херој, бранејќи го шестиот пенал на Швајцарија, за да Митев на крајот стрела за 6-5 во пенал серијата и пласман во финалето.
Во финалето македонската репрезентација ќе се соочи со селекцијата на Полска која во првата полуфинална пресметка славеше убедливо против БиХ со 41-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА