Горан Пандев по денешната официјализација на новиот едногодишен договор веднаш се најде во дресот на Џенова која обезбеди пласман во 1/16-финалето од Купот на Италија.
Во првото коло од најмасовното клупско натпреварување во Италија, Џенова славеше со 3-2 против второлигашот Перуџа со пресврт и гол во 88. минута од средбата. Иако Перуџа по само десет минути игра имаше предност од 0-2, Џенова со головите на Кришито и Хернани во првото полувреме, и Калон во 88. минута дојде до победата и пласман во следната рунда.
Најдобриот македонски фудбалер во игра влезе на стартот од второто полувреме на местото на Екубан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

