Фудбалерите на Кит Го со триумф од 1-2 (0-1) на гостувањето против Беласица во Струмица ја завршија „генералката“ пред стартот на сезоната во Втората лига – Исток.
Избраниците на Емил Грнев беа подобар тим на теренот од струмичани сосема заслужено доаѓајќи до победата. Кит Го поведе уште во првото полувреме со голот на Рунтев а на асистенција на Тони Мичковски, откако претходно убава можност за 0-1 пропушти и самиот Мичковски.
На пауза се замина со предност од 0-1 за Кит Го, а домашните со голот на Милушев од пенал во вториот дел успеаја да израмнат. Сепак, победата ја донесе Зоран Андонов со погодокот од пенал за конечни 1-2, откако беше направен прекршок над најдобриот фудбалер на мечот Тони Мичковски, за удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА