Македонија има нови шампионки – Кадетките го освоија „ЕХФ шампионатот“

Женската кадетска репрезентација на Македонија славеше над Исланд со 27-26 во финалниот меч на ЕХФ шампионатот во Литванија. Еден крајно израмнет натпревар кој беше во егал буквално во сите 60 минути.

На полувреме се замина со реми 11-11, а во финишот избраничките на Љубомир Савевски беа за нијанса подобри од својот противник. Феноменална партија во финалето имаше Теодора Дукоска со 11 гола, пред Ризоска со седум и Коцева со пет.

Со овој триумф репрезентацијата до 17 години покрај освојувањето на титулата избори пласман и на следното Европско првенство во оваа старосна категорија.

 

Се вчитува...