Репрезентативецот на ракометната репрезентација на Македонија, Марко Митев е избран за најкорисен ракометар на ЕХФ шампионатот кој се играше во Скопје. Покрај МВП наградата Митев е избран и за најдобар среден бек на турнирот, а во идеалниот тим од нашите ракометари се најде и левото крило Петар Атанасијевиќ.
Македонија во финалето загуби против Полска со 35-33 и на крајот го освои второто место.
МВП – МАРКО МИТЕВ – МАКЕДОНИЈА
ОЛ СТАР ТИМ:
ГОЛМАН – Јакуб Алај – Полска
ЛЕВО КРИЛО: ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ – МАКЕДОНИЈА
ЛЕВ БЕК: Константинос Коцијонис – Грција
СРЕДЕН БЕК: МАРКО МИТЕВ – МАКЕДОНИЈА
ДЕСЕН БЕК: Берин Кешо – БиХ
ДЕСНО КРИЛО: Филип Михалович – Полска
ПИВОТ: Жоел Вилеке – Швајцарија
Најдобар дефанзивец – Жоел Вилеке – Швајцарија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА