Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер донесе одлука околу настапот на УС опен. Тој на социјалните мрежи сподели видео во кое објави дека нема да биде дел од последниот гранд-слем во сезоната.
По консултација со докторите на искусниот Швајцарец му било советувано дека мора да биде подложен на нова операција на коленото, што значи дека ќе го очекува нова долга пауза, по која не се знае дали воопшто ќе му се врати на тенисот.
Тој изјави дека оваа сезона за него е завршена, но се надева дека настапот на Вимблдон не беше неговиот последен во кариерата и дека ќе се врати следната сезона.
“I’ve been doing a lot of checks with the doctors on my knee… I hurt myself further during the grass-court season and it’s just not the way to go forward.
“They told me… to feel better [that] I’ll need surgery. I decided to do it.”
Get well soon, @rogerfederer! 💪 pic.twitter.com/SVn0B95VMo
— ATP Tour (@atptour) August 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА