Сон: Неверојатно е чувството повторно да има навивачи на трибините, толку е гласно што не можам ништо да слушнам

Јужнокорејскиот напаѓач Хјеон Мин Сон беше најзаслужен за победата на неговиот Тотенхем над актуелниот шампион Манчестер Сити во дербито на првото коло во Премиер лигата, а по натпреварот ги пофали навивачите и новиот менаџер Нуно Еспирито Санто.

Сон го постигна единствениот гол на натпреварот во 55. минута.

„Неверојатно е чувството повторно на трибини да има навивачи. Не можам да ве слушнам најдобро затоа што е толку гласно, а веќе повеќето обожаватели го напуштија стадионот. Нашите навивачи ја заслужија победата и јас сум многу среќен во моментов. Беше прекрасно чувството да се вратам пред полн стадион. На крајот, јас бев тој што го постигна голот, но без тимот, ништо немаше да биде можно. Играта на тимот беше одлична, уживав дури и кога ја немав топката во моја сопственост“, изјави 29-годишниот Хјеон Мин Сон за новинарите.

Во следното коло „Спарс“ ќе играат против Вулверхемптон, поранешниот клуб Нуно Еспирито.

Се вчитува...