Интер објави промотивно видео по повод доаѓањето на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко. Каде и да се појави, Един предизвикува голема почит, а така беше по неговото пристигнување на „Џузепе Меацо“.
Интер сега објави видео за лебедот и змијата, што е симбол на Интер. Во промотивното видео беше објавено дека Един започнал во Железничар, па проследени се сите фази од неговата кариера.
„Прекрасно е чувството да се биде тука. Воодушевен сум. Ова е одлична можност за мене и благодарен сум на управата, како и на тренерот. Имаа голема доверба во мене и веруваат дека се уште можам да направат разлика на теренот”, рече Џеко по пристигнувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА