Шкупи стигна и до првите три бода во Првата македонска лига откако во второто коло славеше над Македонија Ѓ.П со 2-0 на домашен терен. Скопскиот состав стигна до предност уште во првото полувреме со голот на Фаустин Шенгор, а конечниот резултат го постави Фреди Алварез во судиското надополнување од белата точка.
По победата капитенот на клубот од Чаир, Фатих Исмаили не до криеше задоволството од првата победа во сезоната.
„Многу тежок натпревар, но заслужена победа. Работевме напорно за овој натпревар и мислам дека одиграме добро. Фокусирани сме. Следната недела не очекуваат два тешки натпревара, но јас сум оптимист и сум сигурен дека повторно ќе се прикажеме во најдобро светло. Одиме на нови три бода, а така ќе биде и до крајот на сезоната“, изјави капитенот на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА