Дефинитивно ништо од Рома: Џака потпиша нов договор со Арсенал

Играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака, постигна договор со „Топџиите“ за нов договор до 2025 година. Во изминатиот период се шпекулираше дека швајцарскиот репрезентативец ќе се пресели во Рома, но преговорите пропаднаа и сега тој сигурно ќе остане на „Емирати“.

Непогрешливиот новинар Фабрицио Романо, исто така, тврди дека 28-годишникот од Косово ќе добие подобри финансиски услови во споредба со претходниот договор, кој истекува во 2023 година.

Џака пристигна во Арсенал во 2016 година за 45 милиони евра од Борусија Менхенгладбах. Во меѓувреме, тој покажа променливи игри, а имаше и периоди кога беше отстранет од тимот поради несоодветно однесување.

Очигледно е дека ситуацијата во меѓувреме се подобри, па клубот сериозно смета на него. Покрај Гранит, „Топџиите“ работат и на купување на Мартин Едегар. Норвежанецот минатата сезона пристигна на позајмица од Реал Мадрид на „Емирати“.

 

 

 

Се вчитува...