Бојан Трајковски беше предводник на Македонија до победа над Швајцарија вредна квалификации за Светското првенство 2023.
По триумфот над Швајцарците капитенот нагласи дека до победата се дојде со огромен ангажман и желба кај секој поединец, што ќе биде мотив и за следните предизвици.
„Секако дека сме задоволни сите, напорно работевме и испочитувавме се што требаше да испочитуваме. Се бодревме и боревме, сите бевме заедно, на крајот резултатот е во наша корист. Швајцарија е една одлична репрезентација, со години наназад растат како национален тим, така што, на крајот добро е што резултатот заврши во наша полза и се реванширавме“ – истакна Трајковски.
Пред крајот на првото полувреме се случи и мал инцидент во националниот табор. Крај клупата Трајковски и селекторот Бајиќ имаа мала конверзација со очигледно недоразбирање по направена измена. Но Трајковски по мечот нагласи дека не се случило ништо сериозно…
„Со селекторот сме одлични, сите работи што се случија пред полувремето беа во жарот на борбата. Двајцата сме малку емотивни, сакаме да победиме. Си подадовме рака и си простивме еден на друг“ – коментираше капитенот.
До крајот на квалификациите Македонија ќе игра уште со Словачка против која веќе претходно славевме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА