Македонската женска кадетска ракометна репрезентација запиша одличен успех со освоениот трофеј на Б Европското првенство до 17 години кое што се одржа во Клаипеда, Литванија.
„Златните“ шампионки заедно со првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, денеска беа примени и од претседателот Стево Пендаровски кој честитајќи им на ракометарките и стручниот штаб за успехот изрази задоволство од успешната промоција на македонскиот спорт во интернационални рамки.
„Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш, национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред сè, најдобри другарки. Од мене имате целосна поддршка“ – им порача претседателот Пендаровски на младите ракометарки.
Од ракометарките, пак, претседателот доби подарок топки со потписите на македонските репрезентативки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА