Лос Анџелес Лејкерс одат на „се или ништо“ во следната сезона со единствена цел – враќање на титулта во „градот на ангелите“. Согласно со тоа се склопува тим од искусни кошаркари кои нема да потфрлат во клучните моменти, а по неколкуте ангажмани продолжува потрагата по плејмејкер.
На „кастинг“ во тимот од Калифорнија сега се наоѓаат ветераните Ајзеа Томас и Дарен Колисон. 32-годишниот Томас во успешната кариера го носеше дресот на Сакраменто, Феникс, Бостон, Кливленд, Лејкерс, Денвер, Вашингтон и Њу Орлеанс, додека пак 33-годишниот Колинс последен пат во НБА лигата настапи во 2019 година.
Интересно е тоа што во „Стејплс“ центарот се наоѓа и „бунтовникот“ Мајк Џејмс кој претходната сезона ја започна во ЦСКА Москва, а по кавгата со Димитрис Итудис се пресели во редовите на Бруклин Нетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА