ГОЛОТ НА КОЛОТО: „Проектилот“ на Дујовски во 92. минута ја „смрзна“ Шкендија во Штип (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Шкендија никако да дојде до победа и по три кола на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Двапати тетовци се вадеа од бездната против Брегалница во Штип во 3. коло, имаа негатива од 0-1 и од 1-2 за да со гол од пенал на Дориев во 89. минута дојдоа и до предност од 3-2. Сепак, пречката до трите бода беше Владимир Дујовски кој во 92. минута го постигна погодокот за конечни 3-3.

Дујовски испраќајќи „проектил“ од 25 метри под гредата од голот на гостите донесе сосема заслужено реми за Брегалница.

Се вчитува...