Шкупи успешно ја заврши приказната во Битола во 3. коло од ПМФЛ со победа над Пелистер од 0-2.
Погодоците за чаирчани беа дело на Марјан Радески уште во 1. минута од средбата, а вториот веќе во 6. минута беше автогол на домашниот дефанзивец Алпај Јусуф.
Шкупи, по исклучувањето на Алварез, добар дел од мечот го играше и со фудбалер помалку, но на крајот сосема заслужено стигна до трите бода.
„Мора да им честитам на нашите играчи за оваа победа. Одиграа убав натпревар од првата минута иако бевме со играч помалку на теренот. Многу сум среќен за оваа победа и мислам дека целосно ја заслуживме иако во Битола е тешко да се победи. Сега не очекува дуелот во Струга, исто така тежок натпревар, но максимално ќе се подготвиме за новиот предизвик“ – вели Седлоски.
Натпреварот на Шкупи против Струга на гостински терен во 4. коло од ПМФЛ се игра во недела (22. август).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА