Уште една екипа со реакција на судењето за меч против Академија Пандев: И Тиквеш револтирани

Откако во претходното коло екипата на Работнички имаше сериозни забелешки на делењето на правдата на натпреварот против Академија Пандев, која до триумфот дојде со два досудени пенали, сега и Тиквеш со реакција на судењето на натпревар против тимот од Струмица.

Кавадарчани сметаат дека се оштетени во неколку наврати на мечот, а со реакцијата единствено сакаат да укажат на грешките кои се надеваат дека во иднина нема да се повторат.

РЕАКЦИЈАТА ОД ГФК ТИКВЕШ ВИ ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

ГФК ТИКВЕШ 1930 не барајќи алиби за вчерашниот пораз од ФК Академија Пандев на кого искрено им честитаме за победата сепак е приморан јавно да реагира за квалитетот на судењето во текот на натпреварот кој во одреден случај дирекно влијаеше на резултатот и исходот од натпреварот. Имено во неколку наврати во текот на првото полувреме одредени судиски одлуки беа донесени на штета на ГФК Тиквеш 1930 , пред се реагираме неколку ситуации кога нашата екипа беше во изгледна шанса за гол а беше досуден непостоечки офсајд. Погрешните судиски одлуки на штета на ГФК Тиквеш кој дирекно имаа влијание на резултатот од натпреварот продолжија и во второто полувреме конкретно при постигнување на вториот гол кога требаше да биде досудена недозволена позиција од страна на противничкиот играч ( офсајд ) и голот да не биде признат. Повторно би сакале да напоменеме дека не бараме алиби за вчерашниот пораз и искрено им честитаме на ФК Академија Пандев за победата но со оваа нашата реакција се надеваме дека во иднина ваквите судиски одлуки кои се на штета на ГФК Тиквеш нема да се повторуваат.

Се вчитува...