ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Во знакот на Шкупи, „пандевци“ и Дујовски…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 3. КОЛО

Третата рунда натпревари потврди уште еднаш дека Шкендија е далеку од посакуваната форма, но и дека она претходно реми на Брегалница со Шкупи не било случајно. Јасно е дека фудбалскиот квалитет сезонава е генерално израмнет, а битката за европските места ќе биде повеќе од интересна.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ермедин Адем (Македонија ЃП)

Македонија ЃП славеше убедлива победа од 5-1 против Скопје, а најзаслужниот за тоа Ермедин Адем кој партиципираше со два погодоци. Овој натпревар ги потврди европските амбиции на „лавовите“.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Ак. Пандев)

Втор едноподруго триумф за Академија Пандев со што го запоседнаа врвот на табелата. Васоски успеа да ја надмудри дефанзивната ориентација на Тиквеш кој по долги години првпат играше прволигашки фудбал на домашен терен. Јасно е дека терено во Кавадарци е тежок за освојување, но Васоски и „пандевци“ успеаја да нанижат три бода.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Владимир Дујовски (Брегалница)

Маестрален гол на Владимир Дујовски во 92. минута со кој Брегалница дојде до реми (3-3) против Шкендија. Сигурно погодок кој ќе конкурира и за еден од најубавите на сезоната…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Шкупи почнува да „полетува“…

Се вчитува...