Еден од најдобрите клубови во регионот, Динамо Загреб продолжува со добрата работа и на прагот за заработи нови 15 милиони евра откако еден од најталентираните хрватски фудбалери, Ловро Мејер се наоѓа пред трансфер во редовите на француски Рен.
Дваесетитри годишниот играч за врска „експолидраше“ предтходната сезона која ја заврши со 11 погодоци и 14 асистенции, и со тоа го привлече вниманието од богатите клубови. Интересот за Мејер ова лето беше голем, а на крајот клубот се одлучи да соработува со Рен.
Неговиот трансфер се очекува да биде официјализиран во следните денови, но тоа значи дека тренерот Дамир Крзнар ќе остане без услугите на еден од најдобрите играчи пред реванш средбата со Шериф во плеј-офот за Лигата на Шампионите, меч во кој „модрите“ бркаат негатива од 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА