Ливерпул го најде вистинскиот рецепт: Преку рекордна висока плата до останување на Салах на „Енфилд“

Ливерпул е подготвен да направи се’за да го задржи својот најдобар фудбалер, па челниците од „Енфилд“ веќе подготвуваат рекордна понуда за својата ѕвезда Мохамед Салах, вака барем најави угледниот англиски весник „Атлетик“, повикувајќи се на информации од клубот.

Според весникот, Ливерпул е решен да го направи Салах најплатен фудбалер во својата клупска историја, а со тоа да биде и еден од најплатените фудбалери во Премиерлигата, но засега не се открива колкава ќе биде неделната плата. Сумата сигурно ќе биде над 350.000 фунти неделно.

Салах во моментов е приоритет за Ливерпул со цел Јорген Клоп да го има својот најдобар фудбалер на подолг рок, откако „црвените“ летово решија да ги продолжат договорите со низа клучни фудбалери, наместо да купуваат нови засилувања, па така потпишаа нови договори голманот Алисон Бекер и десниот бек Трент Александер-Арнолд.

Салах беше еден од клучните фудбалери на Ливерпул кој ги водеше „црвените“ до европската титула во 2016, шеста во историјата на клубот и до премиерлигашкиот трон лани, првпат после 30 години пауза.

Се вчитува...