Македонскиот футсал шампион, КМФ Проект запиша и втора победа во групата за пласман во Лигата на Шампионите, триумфирајќи над екипата на Друидс со убедливи 8-1.
По победата во првото коло над израелскиот Ашдод Делфинс, КМФ Проект сосема заслужено стигна до очекувана победа над Друидс.
Во последното квалификациско коло македонскиот шампион ќе се соочи со екипата на Сент Ендрјус од Велс која е најквалитетниот противник во групата. Натпреварот се игра на 24. август, победникот од таа пресметка ќе обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА